Дома Моторспорт ВИДЕО: Тежок пад на Хорхе Лоренцо – летаа парчиња од неговиот мотор!

ВИДЕО: Тежок пад на Хорхе Лоренцо – летаа парчиња од неговиот мотор!

Шпанскиот возач на Дукати, Хорхе Лоренцо денес доживеа тежок пад на вториот тренинг пред трката за Големата награда на Тајланд.

Лоренцо на 15-тина минути пред крајот изгуби контрола над своето Дукати во третата кривина и доживеа исклучително тежок пад.

Од неговиот мотор летаа парчиња, а Лоренцо беше исфрлен на околу дваесетина метри. Шпанскиот возач веднаш беше пренесен во болница од каде се чекаат првите информации за сериозноста на повредата.

https://youtu.be/3PggQNxTEGo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Херта не сака уште една сезона во Ф2, но за Инди 500 нема дилема

Иднината на Колтон Херта за 2027 година останува отворена. Американецот не планира нова се…