Дома Останати Видео: Руски репрезентативци претепаа државен службеник, им се заканува затворска казна!

Видео: Руски репрезентативци претепаа државен службеник, им се заканува затворска казна!

Двете ѕвезди на руската репрезентација, Александар Кокорин и Павел Мамаев се во центарот на огромен скандал кој може не само да им ги уништи кариерите, туку и да им донесе многу посериозни проблеми.

Двајцата репрезентативци претепаа човек во еден локал во Москва, а подоцна се покажа дека настраданиот Денис Пак е на одговорна функција во Министерството за инудстрија и трговија.

На интернет се појави и видео од инцидентот, кое не остава сомнеж во одговорноста на фудбалерите.

Државниот службеник најпрво доби удар со столица, а потоа и шлаканица. Останатите гости во кафулето спречија поголем инцидент, а на фудбалерите им се заканува затворска казна од пет години.

Нормално, Кокорин и Мамаев во текот на целиот ден не одговараа на повиците од новинарите, но нивните клубови Зенит и Краснодар ги осудија нивните постапки.

https://youtu.be/NaFhkhSWn-E

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…