Дома Моторспорт Видео: Раиконен најбрз на тренингот, Фетел удри во ѕид!

Видео: Раиконен најбрз на тренингот, Фетел удри во ѕид!

Возачот на Ферари, Кими Раиконен, оствари најдобро време на вториот слободен тренинг пред трката за Големата награда за Сингапур.

Раиконен имаше најбрз круг од 1:38.699 минута, додека со 11 илјадитинки задоцнување втор беше лидерот во генералниот пласман и актуелен шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.

На третата и четвртата позиција завршија возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо, а петти беше вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.

Себастијан Фетел од Ферари имаше голем контакт со заштитниот ѕид, а малку недостигаше Хамилтон да удри во неговиот болид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…