Дома Топ вести Видео: Озил го нападнаа крадци, Колошинац скокна да ги тепа!

Видео: Озил го нападнаа крадци, Колошинац скокна да ги тепа!

Двете ѕвезди на Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац се најдоа во навистина незгодна ситуација во Лондон откако се вратија од турнејата.

Двајцата застанаа пред еден ресторан да ручаат, но беа нападнати од банда која го опколила автомобилот на Озил со скутери.

Членовите на бандата го опколија автомобилот на Озил, а во рацете имаа метални предмети за кои „Дејли Мејл“ тврди дека биле ножеви.

Босанскиот фудбалер, Колашинац без ни малку страв тргна да се пресмета со хулиганите кои веднаш избегаа.

Засега нема официјална реакција од фудбалерите, клубот и полицијата за овој случај, a очевидците велат дека исплашениот Озил избегал од автомобилот и се сокрил во соседниот ресторан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…