Дома Фудбал ВИДЕО Флик по победата: Никогаш не сум доживеал ваков камбек

ВИДЕО Флик по победата: Никогаш не сум доживеал ваков камбек

Барселона ја совлада Бенфика со 4:5 на гости во седмото коло од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците двапати беа во негатива од два гола, но успеаја да се вратат и да ја забележат шестата победа во ова натпреварување.

Избраниците на тренерот Ханси Флик беа на работ на пораз до 86. минута, кога Гарсија израмни на 4:4, за Рафиња да донесе победа во шестата минута од судиското надополнување.

Флик даде изјава за шпанската телевизија Мовистар по натпреварот. “Ова беше луд натпревар. Најдоброто нешто беше менталитетот. Ова е фудбалот. Никогаш не сум доживеал ваков камбек”, изјави Флик.

Тој ја пофали транзицијата на Бенфика која ги казнуваше грешките на Барселона, за што голманот Војчех Шчесни имаше слаб настап со многу грешки. “Кој играч не греши? Сите грешиме. Победуваме и губиме заедно. Ми се допаѓа она што го видов во вториот дел”, одговори Флик на прашањето за полскиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иранците не смееле да останат во САД ниту една ноќ, веднаш им било наредено да заминат!

Иранскиот селектор Амир Галенои изјави дека неговата репрезентација само неколку часа по н…