Дома Останати Кошарка ВИДЕО Дончиќ заработи исклучување поради пцовки кон навивачите. Лејкерс потоа потона

ВИДЕО Дончиќ заработи исклучување поради пцовки кон навивачите. Лејкерс потоа потона

Оклахома славеше на домашен терен против Лос Анџелес Лејкерси со 136:120, но прашање е како би завршил натпреварот ако не беше исклучена големата ѕвезда на гостите 7:40 пред крајот. Лука Дончиќ, по одлична соло акција, постигна поени за да ги доведе Лејкерсите во водство 108:107. Кошот го прослави со псовка кон десниот агол на теренот.

Судијата веднаш реагираше и му даде техничка грешка на Дончиќ. Бидејќи ова беше втора таква грешка на натпреварот за Словенецот, тој беше исклучен. Американските медиуми пишуваат дека судијата погрешно го разбрал “trash talk”-от на Дончиќ. Мислел дека тоа е насочено кон него, но ѕвездата на Лејкерс всушност му одговорил на домашниот навивач кој претходно го навредил.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Како и да е, Лејкерси потонаа по исклучувањето на Дончиќ, кој дотогаш имаше постигнато 23 поени (шут од игра 7/15). Не им помогна ниту Леброн Џејмс со неговите 28 поени и седум скокови ниту Остин Ривс со 25 поени, пет скокови и асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Попуштија нервите: Се степаа кошаркарите на на Клиперс и Денвер (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија ЛА Клиперс со 101:99 со забивањето на Арон Гордон…