Дома Фудбал ВИДЕО Андора даде гол од центарот против Србија

ВИДЕО Андора даде гол од центарот против Србија

Репрезентацијата на Андора ја отвори средбата против Србија со погодок на Гијом Лопез од средината на теренот во 17. минута. Но, по само две минути, српските фудбалери успеаја да изедначат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Автоголот на Кристијан Гарсија им го донесе изедначувањето, а пресвртот се случи благодарение на голот на Душан Влаховиќ во 54. минута за 1:2. До крајот на натпреварот, Александар Митровиќ погоди од белата точка и го постави конечниот резултат 3:1. Головите можете да ги погледнете ТУКА.

Пред дуелот со Србија, Андора имаше постигнато само два гола во седумте изиграни натпревари од групата К. Сето ова следуваше по поразот на Србија од Албанија во претходното коло во Лесковац со резултат 0:1. Потоа, шансите на Србија за учество на Светското првенство се намалија и селекторот Драган Стојковиќ Пикси беше сменет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Силекс го распродаде стадионот за натпреварот со Динамо Минск!

Фудбалерите на Силекс ќе имаат максимална поддршка од трибините на реваншот против Динамо …