Дома Фудбал ВИДЕО Анчелоти доби свирежи на Бернабеу

ВИДЕО Анчелоти доби свирежи на Бернабеу

КАРЛО АНЧЕЛОТИ (65), e еден од најтрофејните тренери во историјата, a со Реал Мадрид освои 15 трофеи. Најзначајни се двете титули во шпанскиот шампионат и купот, како и три Лиги на шампиони. Под водство на Анчелоти, Реал е актуелен шампион на Шпанија и Европа.

Сепак, статусот на Анчелоти во Реал Мадрид оваа сезона не е неспорен. Причината за тоа е што загубија низа силни натпревари (Лил, Милан, Ливерпул, Атлетик), а само ремизираа во градското дерби со Атлетико. Раководството и особено навивачите најмногу му замеруваат што ги загуби двата натпревари од Барселона, во првенството и во Суперкупот, со комбинирана гол-разлика 2:9.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вториот пораз од Барса беше пред пет дена во финалето на шпанскиот Суперкуп (2:5), а Реал го одигра првиот натпревар по дебаклот на домашен терен против Селта во осминафиналето од купот.

Шпанските медиуми пишуваа дека неуспехот на тој натпревар би значел и отказ за Анчелоти. Успеаа да се извлечат по продолженијата (5:2).

И додека Анчелоти на тој начин се спаси од отказ, не успеа да ги побегне свирежите на навивачите на Реал.

Снимка од претставувањето на тимот на Бернабеу покажува како, откако најавувачот го прочита името на тренерот на домашната екипа, следеа свирежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…