Гаел Монфис го освои турнирот во Оукленд, откако во финалето го победи Белгиецот Зизу Бергс со 2:0, со сетови 6:3, 6:4.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот траеше час и 31 минута, а на францускиот тенисер му беше доволен по еден брејк во двата сета за да стигне до својата 13. АТП титула во кариерата.
Она што е интересно е дека Монфис на 38 години и 132 дена стана и најстариот освојувач на турнир во историјата на АТП од неговото основање во 1990 година. Така го надмина Роџер Федерер кој досега го држеше рекордот.
“Го сакам тенисот, го сакам тоа што го работам. Кога нешто сакате, сите жртви се полесни. Уживам во играњето тенис од првиот ден, и со 60 години ќе ја имам таа радост,” рече Монфис.
АТП турнирот во Оукланд се играше за награден фонд од 766.290 австралиски долари.