Дома Останати Тенис Ветеранот Монфис сруши рекорд на Федерер

Ветеранот Монфис сруши рекорд на Федерер

Гаел Монфис го освои турнирот во Оукленд, откако во финалето го победи Белгиецот Зизу Бергс со 2:0, со сетови 6:3, 6:4.

Натпреварот траеше час и 31 минута, а на францускиот тенисер му беше доволен по еден брејк во двата сета за да стигне до својата 13. АТП титула во кариерата.

Она што е интересно е дека Монфис на 38 години и 132 дена стана и најстариот освојувач на турнир во историјата на АТП од неговото основање во 1990 година. Така го надмина Роџер Федерер кој досега го држеше рекордот.

“Го сакам тенисот, го сакам тоа што го работам. Кога нешто сакате, сите жртви се полесни. Уживам во играњето тенис од првиот ден, и со 60 години ќе ја имам таа радост,” рече Монфис.

АТП турнирот во Оукланд се играше за награден фонд од 766.290 австралиски долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тешка срамота на УС Опен: Освои гренд слем во Њујорк пред десет години, сега одбиен за специјална покана

Стен Вавринка игра на последните турнири во својата кариера пред пензионирање, а малку е д…