Дома Кошарка Вестбрук испиша историја: Вакво нешто не му успеало на никој друг

Вестбрук испиша историја: Вакво нешто не му успеало на никој друг

Денвер за првпат успеа да слави победа без Никола Јокиќ во своите редови и тоа против Мемфис на гости со 90:105.

Јокиќ го очекува раѓањето на своето дете и поради тоа го пропушти и третиот натпревар, претходните два дуели Денвер ги загуби.

Наејфикасен на паркетот беше Џамал Мареј со 27 поени, Портер уфрли 24, додека Браун ја заврши средбата со 19 поени.

Но, вниманието го собра Расел Вестбрук кој стигна до историско достигнување. Имено, Вестбрук стана првиот кошаркар кој ја минал границата од 200 трипл-дабл натпревар. Средбата против

Мемфис ја заврши со 12 поени, 14 асистенции и 10 скока со што го подобри рекордот во оваа категорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Работнички и Скопје со сметка од 100.000 денари за инциденти и пропусти

Работнички е санкциониран за плукање и фрлени тврди предмети, а најголемиот дел од казната…