Дома Моторспорт Верстапен: Ова не е Формула 1, повеќе се насочуваме кон казни отколку на вистинска трка

Верстапен: Ова не е Формула 1, повеќе се насочуваме кон казни отколку на вистинска трка

Верстапен загуби во последната битка против Луис Хамилтон во Џеда и сега се е отворено и на последната трка на патеката во Абу Даби каде што двајцата влегуваат со ист број на бодови.

„Ова беше трка со многу возбудувања се случија повеќе работи со кои не се служувам. Кога во прашање е инцидентот, јас успорив за да ме помине, но тој не го разбра моментот и се удривме. Не знам што точно се случи. Добро е што фановите знаат што е тркање. Ова што се случува денес е неверојатно. Имаме спорт повеќе насочен на казни отколку на вистинска трка, за мене ова не е Формула 1“, изјави Верстапен.

Признанието возач на денот заврши кај Верстапен, но тоа за него веројатно е мала утеха. Последната трка се вози следниот викенд во Абу Даби и таму ќе се решава дали Хамилтон ќе стигне до осмата или Верстапен до првата титула во Формула 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…