Дома Фудбал Веќе е познато кој може да биде прво засилување за Мурињо во Мадрид!

Веќе е познато кој може да биде прво засилување за Мурињо во Мадрид!

Мортен Хјулманд (26), капитен на Спортинг Лисабон и незаменлив дефанзивен играч од средниот ред на данската репрезентација, е првата желба на Жозе Мурињо за летниот трансфер период во Реал Мадрид. Според радиото Копе, Спортинг е подготвен да го продаде Хјулманд за околу 50 милиони евра, иако неговата откупна клаузула е 80 милиони евра.

Хјулманд е дел од Спортинг веќе три години, откако беше купен од Лече за 19 милиони евра. Во овој период, тој го водеше Спортинг до освојување на две титули португалски шампион и една куп титула. За клубот одигра 140 натпревари, во кои постигна 10 и асистираше 12 голови. Мурињо оваа сезона добро го проучуваше бидејќи е стратег на Бенфика, најголемиот конкурент на Спортинг.

Копе додава дека Мурињо инсистира еден од неговите помошници да биде поранешен играч на Реал, чие име се уште не е објавено. Потсетуваме дека во првиот мандат во Реал, од 2010 до 2013 година, соработуваше со Аитор Карақа. Истиот извор спомнува дека Мурињо бара и врска помеѓу управата и тимот, улога која би можел да ја преземе Тони Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасан го однесе Египет во осминафинале на СП, но отказ доби по семеен скандал

Египет го смени селекторот Хосам Хасан по настани што, според федерацијата, го нарушиле уг…