Дома Фудбал Лигата на шампионите се враќа со спектакл во Лондон

Лигата на шампионите се враќа со спектакл во Лондон

Еден месец чекавме да ја гледаме повторно Лига на шампиони и конечно го дочекавме осми април кој ни носи две квалитетни средби во четвртфиналето помеѓу Арсенал и Реал и Баерн и Интер.

Особено со големо внимание ќе се следи дуелот во Лондон затоа што двата тима во домашните првенства забавија во борбата за титулата.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Топџиите речиси немаат никакви шанси за титулата, во речиси слична ситуација се и „кралевите, па Лига на шампиони е натпреварувањето каде би можеле да направат исчекор.

Арсенал минатиот викенд одигра нерешено со Евертон, додека Реал беше поразен од Валенсија, па оваа средба е прилика да се „извадат“ за тие неуспеси.

Ова ќе биде првиот дуел на овие два клуба уште од 2006 година кога англискиот клуб помина во осминафиналето по 0:0 во Лондон и победа во Шпанија 1:0. Инаку, овој дуел ќе го суди најдобриот босански судија Ирфан Петљо.

Втората вечерна средба во четвртфиналето ни носи дуел помеѓу две екипи кои во своите првенства се на лидерски позиции.

Проблем за Германците е повредата на Џамал Мусиала, а вреди да се истакне дека Баварците во последните два меѓусебни дуели го поразија тимот од Милано и двата пати со по 2:0 во групната фаза во 2022 година.

Парови:

21:00 Арсенал – Реал

21:00 Баерн – Интер

Фото: Аrsenal/Real Madrid – FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tимот на поранешниот македонски репрезентативец исфрлен од Прва во четврта лига!

Фудбалскиот сојуз на Хрватска (ХНС) денеска ги објави резултатите од лиценцирањето за наст…