Дома Фудбал Васоски доби суспензија: Силекс еден месец без првиот тренер

Васоски доби суспензија: Силекс еден месец без првиот тренер

Тренерот на Силекс, Александар Васоски заработи суспензија од еден месец за инцидентот во натпреварот против Вардар.

Васоски по вчерашниот натпревар во кој Силекс во последните моменти остана без победа против „црвено-црните“ Васоски влезе во конфликт со судијата.

Делегатот го забележил овој инцидент и за Васоски е одредена суспензија од еден месец која ќе важи до 10 април, а ќе мора да плати и парична казна од 200 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …