Дома Фудбал Вардар го победи Рапид на последниот натпревар во Анталија

Вардар го победи Рапид на последниот натпревар во Анталија

Фудбалерите на Вардар славеа победа на последниот натпревар во Анталија во кој играа против австриски Рапид Виена.

„Црвено-црните“ во денешниот натпревар беа подобри со 3:1, а во листата на стрелци се запишаа Немања Босанчиќ и новите засилувања Мато и Михаил Талевски.

Вардар подготовките во Анталија ги завршува со една победа три нерешени натпревари и два порази.

За три дена Вардар се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за вториот дел од сезоната кој го стартуваат на 16-ти февруари.

Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сите аларми вклучени: Еве како изгледа стадионот на кој ќе се игра финалето (Видео)

Густ чад од стотици шумски пожари во Канада зафати вчера дел од САД, почнувајќи од среднио…