Дома Фудбал ВАР предизвика бура во Шпанија: Дали на Барса ѝ беше поништен чист гол? (Видео)

ВАР предизвика бура во Шпанија: Дали на Барса ѝ беше поништен чист гол? (Видео)

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Селта Виго во 33. коло од шпанската Примера со резултат од 1:0, со што го задржаа водството од девет поени пред најблискиот конкурент Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Она што ги загрижува навивачите на Барселона е повредата на најдобриот играч Ламин Јамал, како и поништувањето на голот на каталонскиот тим поради крајно сомнителна офсајд позиција.

Во 55. минута од натпреварот, Феран Торес постигна гол со кој ја удвои предноста на Барселона, но само неколку моменти подоцна судијата го поништи.

Подоцна беше објавена фотографија од поништениот гол на напаѓачот на Барселона, која не дава јасен доказ за офсајд позицијата на Торес.

Се огласи и самиот Феран, споделувајќи фотографии од наводната офсајд позиција на социјалните мрежи и упати критики кон челниците на Примера и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој неодамна изјави дека борбата за титулата не е завршена, иако Барселона има девет поени предност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валенсија избра: Ова е најдобрата одбрана на Димитриевски сезонава (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски доби уште едно признание од својот …