Дома Фудбал Ван Дајк го носи Ливерпул кон титулата, Челси киксна против Ипсвич (Видео)

Ван Дајк го носи Ливерпул кон титулата, Челси киксна против Ипсвич (Видео)

Ливерпул успешно ја заврши својата задача во рамките на домашниот шампионат, откако на „Енфилд“ во драматичен натпревар го совлада тимот на Вест Хем со резултат 2-1.

Домашните поведоа уште во првото полувреме преку Луис Диаз, кој прецизно реализираше по одличната асистенција од Мохамед Салах. Иако Салах не се најде меѓу стрелците на овој дуел, повторно имаше значаен придонес во играта.

Во второто полувреме, драмата кулминираше во завршницата. Во 86. минута, Енди Робертсон несреќно ја испрати топката во сопствената мрежа, израмнувајќи го резултатот на 1-1. Но, само три минути подоцна, капитенот Вирџил ван Дајк по еден прекин со прецизен удар со глава ја донесе победата на „црвените“.

Во другите натпревари што се одиграа од 15:00 часот, Челси приреди разочарување за своите навивачи, одигрувајќи само 2-2 против Ипсвич.

Фото: Liverpool/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…