Дома Фудбал Ван Бастен зазема страна по случајот со пеналот на Алварес

Ван Бастен зазема страна по случајот со пеналот на Алварес

Легендарниот холандски напаѓач Марко ван Бастен се приклучи на дискусијата околу укинатиот пенал на Хулиан Алварес при испаѓањето на Атлетико Мадрид од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во својата објава на Инстаграм, трикратниот добитник на “Златната топка” истакна дека не поддржува ниту еден од двата тима, но сепак застана на страната на “душекците”. Тој категорички го истакна дека аргентинскиот репрезентативец ја допрел топката само еднаш при своето изведување и повика правилото да се измени.

“Не сум за Реал или Атлетико, но Хулиан Алварес ја допира топката еднаш. УЕФА има обврска да го поправи ова”, гласи краткото мислење на Ван Бастен, кој меѓу 2016 и 2018 година ја извршуваше функцијата технички директор во ФИФА.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Алкараз: Не игра ниту на Вимблдон!

Вториот носител на светската тениска листа, Карлос Алкараз, објави дека покрај Ролан Гарос…