Дома Моторспорт Валтери Ботас потпиша нов договор со Мерцедес

Валтери Ботас потпиша нов договор со Мерцедес

Финскиот возач Валтери Ботас денеска има причина да биде задоволен.

Ботас преку социјалните мрежи објави дека добил едногодишно продолжување на соработката со екипата на Мерцедес.

Да потсетиме, тој е член на Мерцедес од 2017. година после заминувањето на Нико Розберг во пензија и од тогаш се покажа како добар тимски колега на Луис Хамилтон.

Константно добива едногодишни договори па така беше и овој пат.

На овој начин Мерцедес реши едно возачко прашање за следната сезона, а наскоро се очекува да потврди и продолжување на соработката со Хамилтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…