Дома Фудбал Валкан потег на Атлетико Мадрид, Флик веднаш поднесе пријава до УЕФА

Валкан потег на Атлетико Мадрид, Флик веднаш поднесе пријава до УЕФА

На стадионот „Ванда Метрополитано“ пред големиот европски дуел помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона, беа забележани сцени кои привлекоа големо внимание од фудбалската јавност.

Имено, домашниот тим се одлучи за необичен потег – тревата не беше искосена пред натпреварот, со цел да се успори протокот на топката и ритамот на играта на каталонскиот гигант.

Познато е дека Барселона претпочита брза игра со многу кратки додавања, па затоа е јасно дека побавниот терен може да претставува значителна пречка за нивниот стил.

Сепак, тука не завршија контроверзиите. За време на тренингот на гостинскиот тим, беа вклучени прскалките на теренот, што дополнително ги искомплицира подготовките на играчите на Барселона.

Според странските медиуми, играчите на каталонскиот клуб беа изненадени од ваквиот потег, но тренингот сепак го завршија и покрај отежнатите услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп објасни зошто повикал 44 фудбалер, избра нов капитен и прв голман на Германија

Јирген Клоп приреди вистинско изненадување на почетокот од својата тренерска кариера со ге…