Дома Моторспорт Валентино Роси позитивен на Ковид 19!

Валентино Роси позитивен на Ковид 19!

Деветкратниот светски шампион, Валентино Роси е позитивен на коронавирус, потврдија од МОТО ГП.

Ова е втор случај вкупно кај возачите, и прв во кралската класа.  Досега, ниту еден позитивен случај на новиот вирус не влијаеше на продолжението на шампионатот.

„Докторот“ потврди дека нема да се трка овој викенд во Арагонија, и не е сигурен за следниот викенд за настап на истата патека.

„Утрово кога се разбудив не се чувствував добро. Ме болеа коските и имав температура, па веднаш се обратив кај лекар и два пати се тестирав. Првиот тест беше негативен, но вториот кој стигна неколку часа подоцна, покажа дека сум позитивен на Ковид-19. Разочаран сум што ќе ја пропуштам тргката, жал ми е бидејќи максимално ги почитував протоколите“, објави Роси на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Тешки падови на Филип Ајленд, Маркез го украде врвот во финишот

Марк Маркез беше најбрз на првиот тренинг во Австралија, со само 0,048 секунди предност пр…