Дома Моторспорт Валентино Роси не размислува за пензија: Докторот уште две години во Јамаха

Валентино Роси не размислува за пензија: Докторот уште две години во Јамаха

Деветкратниот светски шампион Валентино Роси ќе остане во Мото ГП шампинатот до 2020 година, откако денес го продолжи договорот со Јамаха.

Роси моментално има 39 години, тоа значи дека ќе вози во најсилната мото класа до 41 година и ќе биде само вториот четириесет-годишник кој настапил во Мото ГП по Колин Едвардс во 2014 година.

Новиот договор ја демонстрира желбата на Јамаха да не прават промени во тимот и покрај неуспашната сезона 2017. Совозачот на Роси, Маверик Винјалес исто така го обнови договорот до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

ФИА стави рампа: Нема посебни фелни за квалификации во Ф1

Од 2027 година тимовите нема да смеат да менуваат спецификација на фелните меѓу квалификац…