Дома Фудбал Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Валенсија со убедливи 6-0 во натпреварот од четвртото коло на шпанското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тимот на Ханси Флик уште од самиот почеток ја наметна својата игра и ја држеше иницијативата, а водството стигна во 29. минута преку Фермин Лопез, кој ја реализираше првата голема шанса на мечот.

Вистинскиот спектакл започна во второто полувреме. Рафиња, кој влезе од клупата, донесе свежина и во 53. минута зголеми на 2-0. Само неколку минути подоцна, Лопез повторно се најде во вистинско време на вистинско место и го постигна својот втор гол, носејќи им на „каталонците“ убедлива предност од 3-0.

Валенсија немаше одговор и изгледаше целосно надмоќено од силниот противник, што Барселона го искористи до крај. Рафиња погоди уште еднаш, а полскиот напаѓач Роберт Левандовски двапати ја затресе мрежата за конечни 6-0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…