Валенсија го совлада Реал Сосиедад со 1-0 во последниот натпревар од 20. коло на Ла Лига и избега од дното на табелата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јунак на натпреварот беше Дуро, кој во 26. минута го постигна единствениот гол на Местаља.
Валенсија со овој гол побегна од дното на табелата и сега има 16 бода, еден повеќе од Виљареал.
Сосиедад со овој пораз ја пропушти шансата да се најде на позициите кои доаѓаат со играњето во Европа.
Столе Димитриевски остана на клупата, откако по повредата помеѓу стативите се врати Мамардашвили.