Лука Дончиќ, првата ѕвезда на Далас Маверикс, претрпе повреда за време на натпреварот и ќе мора подолг временски период да отсуствува.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лука Дончиќ ги истегна листовите на една нога за време на натпреварот на Далас против Минесота Тимбервулвс во средата и загубија со (105:99).
Како што пренесува „ESPN“, тој нема да биде на теренот подолг временски период.
Дончиќ ја напушти салата со патериц, а во четврток ќе оди на магнетна резонанца, по што се очекуваат повеќе информации.
Дончиќ оваа сезона има учинок од 28,8 поени, 8,5 скокови и 8,1 асистенција во просек по натпревар.