Дома Останати Тенис Вакво нешто досегаа не се случило: Ѓоковиќ и Мусети може да играат без тренери!

Вакво нешто досегаа не се случило: Ѓоковиќ и Мусети може да играат без тренери!

Во четвртфиналето на Австралија Опен вечерва ќе се соочат Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети, а овој дуел би можел да влезе во историјата поради еден невообичаен факт.

Имено, многу е веројатно дека на натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Мусети, двата тенисера ќе останат без присуството на своите тренери.

Од третиот круг против Ботик Ван де Зандшулп,тренерот на Ѓоковиќ Борис Бошњаковиќ не седи во неговиот агол поради вирус, а наместо него го поддржува агентот Карлос Гомез.

Од друга страна, Мусети остана без двајца членови на својот тим за време на овој турнир во Мелбурн.

Симоне Тартарини, кој е тренер на Мусети од почетокот на неговата кариера, се врати дома бидејќи му почина мајката, а кондициониот тренер Дамијано Фиоручи поради лични причини го напушти Мелбурн.

Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Мусети ќе започне околу 4:30 по централноевропско време. Досега имаат одиграно десет натпревари, при што Ѓоковиќ води со резултат 9-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…