Дома Фудбал Вакво настап на голман во Франција немало десет години – доби „десетка“!

Вакво настап на голман во Франција немало десет години – доби „десетка“!

Ретко се случува некој фудбалер за својот настап да биде награден со чиста десетка, а уште поретко таква оцена да добие голман. Сепак, токму тоа се случи во петокот во дуелот помеѓу Ленс и Ремс во 29. коло на Лига 1. Ремс победи со 2:0, а иако двата гола ги постигна Кејто Накамура, јунакот на победата за гостите беше голманот Јеван Диуф (25).

Диуф имаше дури 14 одбрани, од кои 10 пати ги запре удари од внатрешноста на шестнаесетникот. Тоа е најголемиот број одбрани што некој голман во Ligue 1 ги имал во последните 10 сезони, како и во сите пет најсилни лиги во Европа уште од август 2022 година. Затоа беше награден со чиста десетка според алгоритмот на Sofascore.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Диуф е во Ремс од 2020 година, претходно беше во Троа. Бранеше за младинските селекции на француската репрезентација, но не доби покана за сениорскиот тим, па реши да ја промени својата фудбалска националност. Преку мајка му можеше да настапува за Полска, но во март оваа година ја прифати поканата на Сенегал, од каде му е таткото.

Фото: Reimc FC/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Манчестер јунајтед: Долго чекавме на ваков ден!

Хари Мегваер одушеви на Eнфилд и донесе победа за Манчестер Јунајтед против Ливерпул, засл…