Дома Фудбал Ваков бизарен гол не сте виделе: Промаши пенал, па топката на неверојатен начин заврши во мрежата (Видео)

Ваков бизарен гол не сте виделе: Промаши пенал, па топката на неверојатен начин заврши во мрежата (Видео)

Необичен гол во Парагвај ја остави спортската публика изненадена изминатата вечер. Во дуелот од првата лига, лидерот на табелата Олимпија беше гостин на Рубио Ню, а крајот на натпреварот беше решен на неверојатен начин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Напаѓачот Себастиан Фереира донесе водство за Олимпија во 16-тата минута, но неговиот втор гол стана вирален. На десетина минути откако започна второто полувреме, Олимпија доби сомнителен пенал, откако, како што се чинеше, се судрија два дефанзива од истата екипа. Одговорноста ја презеде Фереира, чиј удар беше одбранет од голманот Франко Фрагеда.

Фернандо Мартинез тогаш ја шутна топката, со намера да ја расчисти, но наместо тоа ја исфрли директно во Фереира, од кој топката се одби во мрежата. Фереира, кој го промаши пеналот, тешко можеше да поверува во својата среќа..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инцидент на Мундијалот: Скандал и тепачка во тимот, драма и на тренингот!

Атмосферата во репрезентацијата на Панама целосно ескалираше пред последниот натпревар од …