Дома Моторспорт Ужасни сцени: Автомобил излета од патека директно во публика, едно момче го загуби животот (Видео)

Ужасни сцени: Автомобил излета од патека директно во публика, едно момче го загуби животот (Видео)

Ужасни сцени беа забележани на рели-натпреварот „Судамерикано“ во Аргентина кога автомобил излета од патеката во публика. Во тие моменти една личност го загуби животот.

Несреќата се случи на самиот почеток на етапата во провинцијата Кордоба, на делот од патеката каде што се случи несреќата, на падината кон местото Мина Клаверо, каде навивачите се собираат покрај патеката за да ја следат трката.

Секако, тоа никако не е безбедно, а за жал сега се случи трагична несреќа.

Според првичните информации, возачот Дидиер Ариас и совозачот Хектор Њунез од Парагвај биле во автомобилот што неконтролирано излета од патеката во една кривина. Автомобилот се превртуваше во насока на навивачите, а за жал еден од нив го загуби животот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Незгодата на Ферстапен го „замрзна“ Зандворт: Видете што му се случи на домашниот херој (ВИДЕО)

Големата награда на Холандија донесе драматични сцени уште во раната етапа на трката, отка…