Дома Фудбал Утка на годината: Навивачи на Ливерпул го пропуштија мечот бидејќи ги погрешиле градот!

Утка на годината: Навивачи на Ливерпул го пропуштија мечот бидејќи ги погрешиле градот!

Двајца навивачи на Ливерпул го пропуштија вчерашниот натпревар против Генк, иако платиле по 220 евра за влезница.

Причината е бизарна. Навивачите наместо во Генк, пристигнале во Гент, односно „унтале“ цели 150 километри.

Таму минале цел ден, за да сфатат дури пред самиот старт на натпреварот дека всушност го згрешиле градот.

Откако нивниот случај го обиколи светот, Гент реши да им понуди билети за нивниот натпревар.

„Ако некој ги познава двајцата или ако има контакт од нив, кажете им дека се поканети на нашиот натпревар против Волфсбург“, напишаа од клубот на Твитер.

Гент вечерва ќе го одигра натпреварот од третото коло во Лигата Европа против германскиот Волфсбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…