Дома Фудбал Останато Усик откри кога планира да се пензионира и да го напушти боксот

Усик откри кога планира да се пензионира и да го напушти боксот

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија, Украинецот Александар Усик, в среда објави дека планира да се бори уште два пати пред пензионирање. Овој 38-годишен украински боксер, непоразен во 23 борби, изјави дека една од борбите ќе биде против победникот од дуелот меѓу Британецот Даниел Дубоа и Џозеф Паркер, кој е закажан за 22 февруари во Ријад.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Усик, кој два пати го победи претходно непоразениот Британец Тајсон Фјури во мај и декември 2024 година, минатата година стана првиот апсолутен шампион во тешка категорија во речиси 25 години, држејќи ги појасите на ВБЦ, ВБА и ВБО.

„Мислам дека имам уште година и пол, можеби две години во боксот. Имам сила за уште две борби“, изјави олимпискиот шампион од Лондон 2012 за Скај Спортс“.

Дубоа, актуелниот носител на титулата на ИБФ, веќе изгуби од Усик 2023 година и би имал можност за реванш ако успее да го победи Паркер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …