Дома Останати Тенис Уште едно изненадување на Австралија Опен: Елиминиран Каспер Руд!

Уште едно изненадување на Австралија Опен: Елиминиран Каспер Руд!

Норвешкиот тенисер Каспер Руд беше поразен во второто коло на Австралиан опен. Од него беше подобар тенисерот од Чешка Јакуб Меншик со резултат 3:1 (6:2, 3:6, 6:1, 6:4).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Руд беше шести фаворит во ждребот, додека Меншик моментално е 48. тенисер во светот и овој резултат на хартија претставува изненадување.

Сепак, за оние кои се запознати со талентот на 19-годишниот чешки тенисер и неговиот разорен сервис, ваквиот исход и не е толку шокирачки.

Тој испорача дури 22 аса, доминираше во своите сервис гемови, додека само еднаш изгуби гем на свој сервис во третиот сет.

Момчето од Простејов имаше дури 62 директни поени на крајот од натпреварот, наспроти 30 на Руд.

Во третото коло, противник на Меншик ќе биде победникот од мечот меѓу Канаѓанецот Оже-Алијасиме и Шпанецот Давидович Фокина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе ги памети овие зборови од Надал до крајот на животот

Ривалството помеѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал е едно од најголемите во историјата на тен…