Дома Фудбал УЕФА започна истрага против Јувентус

УЕФА започна истрага против Јувентус

Јувентус може да се соочи со сериозни проблеми откако стана јасно дека УЕФА започнала истрага против клубот. Европската фудбалска федерација го насочи своето внимание кон „бјанконерите“ заради можно прекршување на правилата за финансиски фер плеј.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Процедурата го опфаќа сезоната 2022-23 до сегашната сезона, а според соопштението од Јувентус, резултатите ќе бидат објавени напролет 2026 година.

„На 18 септември клубот беше известен од УЕФА за започнување на постапка во врска со можно прекршување на правилото за фудбалски приходи (Правило за заработка од фудбал) за тригодишен период. Резултатот од истрагата, која ги вклучува и прогнозите за тековната и следните сезони, се очекува напролет 2026 г.“, се посочува во соопштението.

Според италијанските медиуми, санкциите кои тимот од Торино може да ги претрпи ако биде прогласен за виновен, варираат од казна до санкции како забрана за регистрација на нови играчи во европските турнири. Од своја страна, Јувентус не смета дека можните казни ќе предизвикаат проблеми за функционирањето на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е идеалниот тим на Мундијалот, Возиња е иднината!

ФИФА ја состави најдобрата репрезентација на Светското првенство врз основа на гласовите н…