Дома Фудбал УЕФА се посрамоти: Чеферин остана без медали кога на ред дојде Сон (Видео)

УЕФА се посрамоти: Чеферин остана без медали кога на ред дојде Сон (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем во средата освоија трофеј по 17 години, а првиот европски по 41 година, а нивната магична ноќ во Билбао не успеа да ја расипе ниту УЕФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тотенхем го совлада Манчестер јунајтед со 1:0 и се пласираше во Лигата на шампионите, а на церемонијата за доделување медали го видовме моментот кој не треба да се случува во сериозна организација како што е УЕФА.

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин доделуваше златни медали на играчите на Тотенхем, но кога на ред дојдоа клучните играчи од одбраната, средниот ред и нападот – Кристијан Ромеро, кој беше прогласен и за најдобар играч на натпреварот, Родриго Бентанкур и капитенот Хјунг-мин Сон, остана без медали.

Кога Чеферин сфати дека нема повеќе медали за доделување, се сврте кон луѓето од протоколот, а по краток разговор со нив со насмевка им се извини на тројцата ѕвезди на Спарс и се ракуваше со нив.

Така и победничката екипна фотографија сигурно ќе влезе во историјата бидејќи капитенот со пехарот в раце нема медал околу вратот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Октоподот“ Емпаси не може се, Муњоз ја фрли Колумбија во транс!

Фудбалерите на Колумбија играат одлично на овогодишниот Мундијал. Како ПАМЕТНО да типувате…