Дома Фудбал УЕФА кажа „ДА“ – Барса и Милан ќе играат лигашки натпревари во САД и Австралија!

УЕФА кажа „ДА“ – Барса и Милан ќе играат лигашки натпревари во САД и Австралија!

УЕФА денес и официјално одобри на Ла Лига и Серија А да организираат два натпревара од оваа сезона надвор од Европа!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како што беше најавено уште летото, европските клубови би можеле да добијат соодветни средства во замена за тоа некои натпревари да ги играат надвор од својата земја, иако практично го губат домаќинство.

Тоа ќе биде случајот со Виљареал, кој во декември треба да ја пречека Барселона во – Мајами!

Од друга страна, УЕФА одобри и Серија А да организира натпревар Комо – Милан во февруари во Перт, во Австралија.
 
УЕФА во своето официјално соопштение ја образложи оваа одлука, и покрај многубројните несогласувања од страна на многу клубови и навивачки групи низ Европа, наведувајќи дека поради отсуството на јасни правила од страна на ФИФА, не може формално да го спречи играњето на овие натпревари.

УЕФА се „огради“, иако ги прифати барањата само за овие два натпревара, што дипломатски го објасни Александaр Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …