Дома Фудбал Ликвидиран зетот на фудбалерот младата ѕвезда на Реал, го застрелале додека седел во бар

Ликвидиран зетот на фудбалерот младата ѕвезда на Реал, го застрелале додека седел во бар

Маурисио Нунес Гонсалвеш, зетот на фудбалерот на Реал Мадрид, Ендрик, беше убиен со огнено оружје во среда, на 25 декември, во Бразил.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зетот на постарата сестра на напаѓачот на Реал Мадрид беше застрелан во близина на Бразилија, како што наведуваат неколку локални медиуми.

Наводно, 38-годишниот маж беше неколкупати застрелан во главата додека бил во бар.

Очевидци рекоа на полицијата дека не било претходно кавга помеѓу жртвата и убиецот, а се слушнале вкупно осум истрели.

Локалните власти отворија истрага и засега не се познати мотивите на злочинот.

Ендрик (18) е една од најголемите бразилски надежи, а ова лето премина во Реал Мадрид. Од доаѓањето од Палмеирас одигра 15 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра во свој стил: Ако јас играв, ќе добиев четири црвени картони!

Легендарниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ (44) за време на Светското првенство работи како с…