Дома Македонски спорт Tрајковски: Ние сме една фамилија, ќе покажеме колку вредиме

Tрајковски: Ние сме една фамилија, ќе покажеме колку вредиме

Репрезентацијата на Македонија веќе на големо се подготвува за дебито на Европското првенство.

Скоро целата е екипа е на куп, а вечерва се очекува пристигнување и на капитенот Горан Пандев. На денешната прес-конференција зборуваше Александар Трајковски. За Трајковски Македонија оствари голем успех, но верува дека можеме и до подобри резултати.

„Сите добро знаеме што значи овој успех за Македонија. Ќе играме големо натпреварување, се чувствувам одлично сите сонувавме да бидеме на ЕП. Мотивацијата е на највисоко ниво кај сите и ќе го дадеме максимумот. Очекувам добри резултати“.

„Против Германија одигравме одлично и тимски, тој натпревар ни дава голема самодоверба. Ние сме тим, фамилија и продолжуваме со ист сдтав. Ќе дојдат натпреварите и ќе покажеме колку вредиме“, изјави Трајковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ламин Јамал го потресе фудбалскиот свет со изјавата за „Златната топка“

Ламин Јамал предизвика бројни реакции по неговата изјава за Златната топка која секоја год…