Дома Фудбал Тухел триумфално ја започна авантурата со Англија

Тухел триумфално ја започна авантурата со Англија

Англиската репрезентација денес успеа да обезбеди победа од 2-0 против Албанија во првото коло од квалификациите за Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Луис-Скели го отвори резултатот со постигнувањето на гол во 20-тата минута, со што истовремено стана најмладиот дебитантен стрелец во историјата на Англиската репрезентација.

Првото полувреме заврши без други погодоци. Вториот гол и конечниот резултат ги постави Хари Кејн во 77. минута.

Во другиот натпревар, Полска оствари победа против Литванија со минимален резултат од 1:0, благодарение на голот на Левандовски.

Селекцијата на Босна и Херцеговина триумфираше со 0:1 против Романија во Букурешт, а стрелец на единствениот гол беше Гиговиќ во 14. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Синот на Роналдо има право да игра за репрезентацијата која беше хит на Мундијалот!

Додека Кристијано Роналдо сè уште настапува на највисоката фудбалска сцена, сè повеќе вним…