Дома Фудбал Тухел ни крив ни должен стана предмет на исмејување на социјалните мрежи

Тухел ни крив ни должен стана предмет на исмејување на социјалните мрежи

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел се повреди пред неколку дена.

Покрај сите проблеми што ги снајде француската екипа со повредите, шлаг на тортата беше повредата на Тухел.

Тој го истегна зглобот на десната нога, а на денешниот тренинг во Португалија се појави со штаки и лангета.

Фотографијата брзо се прошири, а некои љубители на спортот се пошегуваа со него и неговата екипа.

Многумина веруваат дека Парижаните некој ги проколнал пред четвртфиналето во ЛШ, па после повредите на Мбапе и Верати се повреди и тренерот на екипата.

Сепак, не е се така црно за ПСЖ пред дуелот со Аталанта, а причината е фактот што Мбапе се врати и ќе биде на располагање на екипата.

Тоа го потврди и самиот Тухел на прес конференцијата.

Инаку, натпреварот Аталанта – ПСЖ се игра вечерва со почеток од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…