
Јувентус ја започнува новата сезона во Серија А во недела, а пред првата пресметка, на прес-конференција се обрати тренерот Игор Тудор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во оваа прилика, тој го искажа своето незадоволство кон актуелниот систем на летниот трансфер период, истакнувајќи дека е неправилно сезоната да почнува додека трансфер-пазарот е сè уште во тек и отворен до крајот на месецот.
„Трансферите? Ако сум искрен, воопшто не се занимавам со шпекулациите затоа што би полудел. Целосна лудост е сезоната да почне додека трансфер периодот е сè уште отворен. Соодветно, треба да дојде до промени – трансфер периодот мора да заврши една недела пред почнување на првенството, а што ќе биде, нека биде“, рече Тудор и продолжи:
„Ова ја нарушува концентрацијата и секојдневното работење, но ситуацијата е каква што е и моментално мора да ја прифатиме. Мораме да се фокусираме на теренот и на играчите што ги имаме на располагање.“