Дома Останати Тројца спортисти го загубија животот во Украина: Убиени двајца фудбалери и биатлонец

Тројца спортисти го загубија животот во Украина: Убиени двајца фудбалери и биатлонец

Војната во Украина однесе многу човечки жртви, а медиумите јавуваат дека животот во војната го загубиле и тројца спортисти.

Денеска за време на нападит во Харков убиен е еден од најдобрите спортисти на Украина, младиот 20-годишен биатлонец Јевгениј Малишев.

Малишев беше најдобриот бијатлонец на својата земја, кој бил мобилизиран на почеток на војната.

Двајца украински фудбалери претходно загинаа во борбите на Украинците со руските воени сили, а тоа го потврди ФИФПро.

Први спортски жртви во војната беа 21-годишниот Витали Сапило, додека животот го загуби и 25-годишниот Дмитри Мартиненко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Нов Белград го остави дербито зад себе: Наис испратен со 22 гола

По поразот од Раднички, ватерполистите на Нов Белград одговорија со убедливи 22:8 против Н…