Дома Фудбал Трка за „Златната копачка“: Ќе издржи ли Салах?

Трка за „Златната копачка“: Ќе издржи ли Салах?

Трката за „Златна копачка“ оваа сезона сѐ уште е отворена, а најдобрите стрелци имаа прилично неубедлив учинок.

Првпат оваа сезона се случи од топ 5 напаѓачи, само еден да постигне гол, а тоа е Матео Ретеги, кој погоди во победата на Аталанта над Болоња.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Останатите овој викенд не се запишаа во листата на стрелци, а првопласираниот Мохамед Салах, забележа асистенција во победата над Вест Хем, не погодија уште Роберт Левандовски, Виктор Џекереш и Хари Кејн.

На листата води Мо Салах со 27 гола, односно 54 поени, Левандовски постигнал два помалку и има 50 поени, а трет е Ѓекереш кој постигнал 31 гол, но головите во португалското првенство се сметаат само за 1,5, па така има 46,5 поени.

По водечкиот тројка, следуваат Кејн и Ретеги со по 46 поени (23 гола), Мбапе со 44 (22), додека по 21 постигнале – Усман Дембеле, Омар Мармуш и Ерлинг Халанд и имаат по 44 поени.

За сега Салах држи сѐ во свои раце, но и Левандовски го следи од сенка.

Инаку, Мо Салах никогаш не бил “Златна копачка” на Европа, минатата сезона оваа награда ја освои Хари Кејн, пред него Ерлинг Халанд, додека претходно двапати врзани ја освојуваше Роберт Левандовски, во сезоните 2020/21 и 2021/22.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…