Дома Фудбал Трето засилување за Јувентус: Португалецот од Челси пристигна во Торино (Видео)

Трето засилување за Јувентус: Португалецот од Челси пристигна во Торино (Видео)

Португалскиот фудбалер Ренато Веига е нов член на Јувентус откако успешно ги помина лекарските прегледи и се приклучи на „Бјанконерите“ од редовите на Челси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веига пристигнува во Торино на позајмица до крајот на сезоната, без можност за откуп, и ќе се обиде да ги „закрпи“ дупките во одбраната на „Старата дама“ кои настанаа поради повредите на Желсон Бремер и Хуан Кабал.

Јувентус ќе плати надомест од 5 милиони евра за позајмицата на 21-годишниот дефанзивец кој игра на позиција стопер и лев бек, но Челси ќе продолжи да ја покрива платата на играчот, што помага во намалување на трошоците на „Бјанконерите“.

Португалскиот репрезентативец стана третото засилување на Јувентус во јануарскиот трансфер период по скорешните доаѓања на Рандал Коло Муани од ПСЖ и Алберто Коста од Виторија Гимараеш.

Веига оваа сезона одигра 18 натпревари за Челси во сите натпреварувања, а постигна два гола и забележа една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пожарите го одложија дебито на Левандовски за новиот клуб

Дебитантскиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр мораше да биде одложен. Натпрева…