Дома Фудбал Третиот најскап фудбалер на сите времиња: Сакам да се пензионирам на 34 години и да се занимавам со недвижен имот

Третиот најскап фудбалер на сите времиња: Сакам да се пензионирам на 34 години и да се занимавам со недвижен имот

Дембеле (27) изјави дека сака да ја заврши фудбалската кариера за седум години. „Сакам да се пензионирам на 34 години и да се занимавам со недвижен имот и да инвестирам во Африка и Франција“, рече крилниот напаѓач на ПСЖ и Франција во разговор со сонародниците Чоамени и Жил Кунде на каналот на YouTube на ESN Media – The Bridge.

Дембеле ја започна својата професионална кариера во Рен, за кого одигра 29 натпревари и постигна 12 гола, пред да биде потпишан од Борусија Дортмунд за 35 милиони евра во 2016 година.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Во клубот од Дортмунд, по 50 настапи и десет гола, тој стана фудбалска ѕвезда на која Барселона во 2017 година и плати 140 милиони евра, со што стана трет најскап играч досега, зад Килијан Мбапе (180 милиони евра, од Монако во ПСЖ) и Нејмар (222 милиони евра, од Барселона во ПСЖ).

Во каталонскиот клуб одигра 185 натпревари, запиша 43 гола и 40 асистенции, но никогаш не го достигна својот целосен потенцијал поради честите повреди и непрофесионалниот пристап кон фудбалот.

Ако погледнете колку плати Барселона за него и колку доби од него, сигурно се вбројува меѓу најголемите неуспеси во историјата на клубот.

ПСЖ за него плати 50 милиони евра во летото 2023 година и оттогаш постигна 11 и асиститаше за 21 гол на 55 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Платини: Денес не знам да набројам тројца фудбалери на Јувентус

Французинот Мишел Платини изненади со изјавата поврзана за неговиот поранешен клуб, Јувент…