
Ливерпул сепак би можел да заработи од заминувањето на Трент Александар-Арнолд во Реал Мадрид.
Како што откриваат мадридските медиуми, Реал Мадрид по секоја цена сака да Трент игра на претстојниот Светкото првенство за клубови и спремен е да му плати на Ливерпул еден милион евра, за да го ослободи нешто порано..
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Да потсетиме, Александер-Арнолд станува слободен од 30 јуни, па би требало од 1 јули да стане официјално член на Реал. Сепак, бидејќи Светското клупско првенство започнува средината на јуни, а Англичанецот исто така сака да учествува на овој турнир, не е невозможно да дојде до реализација на овој потег.
Ливерпул направи сè за да го натера да се премисли и да остане, но Англичанецот не сакал да ја пропушти оваа шанса на кариерата да отиде во Реал Мадрид.
Останува да видиме дали ќе биде на располагање на „кралевите“ во борбата за трофеј на Светскиот куп, односно дали Ливерпул ќе прифати еден милион евра за да го пушти нешто порано…
Реал Мадрид го отвора натпреварувањето на Светскоро клупско првенство против Ал Хилал од Саудиска Арабија, а тој натпревар е закажан за 18 јуни.
Фото: Liverpool/FC