
Одбранбениот играч на Ливерпул Трент Александер-Арнолд ги минува своите последни денови во клубот. Англискиот репрезентативец одби да го обнови договорот и се очекува како слободен агент да премине во Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меѓу двата клуба се водат преговори повторно за одбранбениот играч да се приклучи на „белите“ уште пред почетокот на Светското клубско првенство на 15 јуни.
Ливерпул е подготвен да се согласи на оваа опција со компензација од 1 милион евра, а покрај тоа самиот играч треба да се откаже од својата плата за јуни, која исто така изнесува околу 1 милион евра.
Сегашниот договор на Александер-Арнолд со Ливерпул истекува на 30 јуни.
Светското клубско првенство ќе се одржи во САД, а финалето е закажано за 13 јули.