Дома Останати Кошарка Трејд на деценијата: Дончиќ го напушти Далас!

Трејд на деценијата: Дончиќ го напушти Далас!

НБА лигата не памети поголема размена на играчи во последните десет години, ако не и повеќе. Шамс Чаранија од „ЕСПН“ објави дека Лука Дончиќ е новиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерсите, а во Далас Маверикс пристигнува Ентони Дејвис!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Заедно со Лука Дончиќ во Лос Анџелес ќе отпатуваат и Макси Клебер и Маркиеф Морис.

Во обратна насока, со Ентони Дејвис за Тексас тргнува и Макс Кристи, со првиот избор на драфтот на ЛА Лејкерс од 2029 година.

Извори блиски до „ЕСПН“ велат дека Леброн бил многу изненаден и дека немал никаква идеја за оваа размена која Лејкерсите се обидувале да ја направат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарите дознаа против кого ќе играат во борбата за место на Европското првенство (Фото)

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна ривалите во втората рунда од претквалифик…