Дома Фудбал Трамп откри кога и каде ќе се одржи ждрепката за Светското првенство

Трамп откри кога и каде ќе се одржи ждрепката за Светското првенство

Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико е на програмата следната година, а претседателот на САД, Доналд Трамп, откри на јавноста кога ќе се одржи ждрепката за најголемиот спортски спектакл на планетата.

Сите репрезентации кои ќе се квалификуваат за ова натпреварување, ќе ги дознаат своите противници на 5 декември во “Кенеди центарот” во Вашингтон.

– Ова е веројатно најголемиот спортски настан – рече Доналд Трамп, додека покрај него стоеше претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (FIFA) Џани Инфантино.

Ова Светско првенство ќе биде историско, затоа што на него ќе учествуваат 48 репрезентации, додека досега на врвот се искачуваа “само” 32 национални тима.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе: Се чувствувам како да сум најдобар во светот!

Иако зад него остана разочарувачка сезона во која Реал Мадрид не освои ниеден трофеј, еден…