Дома Фудбал Трагедија во Србија: Голманот доживеа срцев удар на теренот и почина на пат кон болницата

Трагедија во Србија: Голманот доживеа срцев удар на теренот и почина на пат кон болницата

Голема трагедија ја погоди Србија во пониските фудбалски лиги каде еден голман го загуби животот.

За време на натпреварот помеѓу ФК Читлук и ФК Горњи Степош се случи трагедија што го потресе целиот регион.

Искусниот голман Никола Јовановиќ почина откако му се слоши на теренот за време на натпреварот.

И покрај брзата реакција и обидите за да му се укаже помош, го загуби животот на пат кон болницата, на 43-годишна возраст.

Сѐ се случи во рамките на натпревар од Првата окружна лига Расински округ, каде Јовановиќ бранеше за Читлук, клуб на кој долги години му даваше свој придонес и во кој беше многу повеќе од играч.

Според официјални информации, причината за смртта бил срцев удар што го доживеал за време на самиот натпревар.

Веста за неговата смрт брзо се прошири и предизвика неверување меѓу играчите, навивачите и спортските работници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

КАРИК ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ПО НОВИОТ ПОРАЗ НА ЈУНАЈТЕД: „ЈАС СУМ ВИНОВЕН ЗА ТОА“

Манчестер Јунајтед продолжува со разочарувачки резултати, откако „црвените ѓаволи“ загубиј…